Тарабунов не мирува: „Дај ми“ е неговото ново музичко парче!

Александар Тарабунов повторно ги изненади фановите со нова песна, летен хит кој го носи името „Дај ми“. Наместо класичен видео – запис, Тара овојпат објави lyrics видео на кое е ставен акцент на текстот во песната кој е дело на самиот Тара. Тој ги потпишува и музиката и аранжманот.