Паника во Кан: Луѓе завршиле во болница поради стампедо откако некој извикал „пукање“

Десетина луѓе завршиле во болница во Кан на Азурниот брег во Франција после паничното бегство предизвикано од „лажен аларм“ за вооружен напад. „Немаше пукање во Кан, ниту пак скриен напаѓач, туку налет на колективно лудило откако некој извика - пукање“, напиша на Твитер градоначалникот Давид Лиснар и ги повика граѓаните да не шират гласини.