Видео: Најновата реклама на “Nike” ќе ве остави без здив

Доколку мислите дека рекламите се здодевни, постои шанса најновиот рекламен спот на “Nike” кој го носи името “You Can’t Stop Me” потполно да ве разувери. Фасцинантната и детална монтажа испраќа моќна порака до публиката – за обединетата моќ на спортот во време кога епидемијата на коронавирусот влијае на сите општествени сегменти. Во рекламниот спот се појавуваат спортски ѕвезди како Леброн Џејмс, Наоми Осака, Кристијано Роналдо, Јанис Адетокумбо, Серена Вилијамс, Меган Рапино и многу други.