Видео: Џејсон Момоа ја изненади сопругата со тотално неочекуван подарок

Џејсон Момоа и Лиса Бонет се заедно веќе 15 години, но изненадувањето што актерот неодамна ѝ го приреди веројатно ќе го памети долго. Имено, Момоа реши да ѝ го “врати“ првиот автомобил на Лиса што воопшто некогаш го имала. Се работи за модел на „Мустанг“ кој познатиот актер со вистинските луѓе успеа да го редизајнира, односно комплетно реновира. Сето тоа го сподели на социјалните мрежи во видео и така јавно ја покажа и својата романтична страна.