Видео: Јапонска компанија измисли паметна маска која преведува осум јазици

Со оглед дека заштитните маски станаа дел од секојдневието, јапонскиот стартап „Донат Роботикс“ се сети на една интересна иновација – креира паметна маска која е дизајнирана за олеснување на комуникацијата за време на физичката дистанца. Паметната маска Си-Фејс може во комбинација со апликација да препише диктат, да го зголеми волуменот на тонот на корисникот и да го преведе говорот на осум различни јазици, пишува Си-ен-ен.