Видео: Анри ја испрати најмоќната порака од теренот и воодушеви со својата постапка

Легендарниот Тиери Анри оддаде почит за Афроамериканецот Џорџ Флојд кој трагично го загуби животот поради полициска бруталност, такашто одлучи да остане со коленото на земја онолку колку што Флојд беше задушуван од полицискиот службеник Дерек Човин. Французинот без никаков сомнеж ја испрати најмоќната порака од теренот досега на оваа тема, па неговото видео експресно се рашири на социјалните мрежи.