Видео: Запознајте го Ерос, 8-годишно куче кое им доставува намирници на своите соседи

8-годишниот Ерос од Меделин, Колумбија, весело мавта со опашката додека на соседите им остава кошничка полна со намирници секој пат кога тие ќе направат нарачка. “Нѝ помага во одржување на социјалната дистанца, а луѓето се воодушевени кога ќе го видат кучето пред својата врата”, изјавила сопственичката на Ерос, Марија Нативидад Ботеро за “AP News”.