Реакцијата на овој ракун кога сфатил дека ги изел сите зрна грозје е вистински хит на интернет

Додека ракунот ужива во храната и седи на каучот со чинијата помеѓу нозе, сопственичката му ги краде преостанатите зрна грозје, а тој не забележува. Кога се обидува повторно да дофати едно зрно грозје од садот, сфаќа дека повеќе нема и во тој момент помислува дека ги изел сите. Неговата реакција ја насмеала сопственичката, но и многу корисници на интернет - погледнете.