Стотици дронови блеснаа на ноќното небо над Сеул

Стотици дронови го осветлија небото над јужнокорејскиот главен град Сеул, испишувајќи мотивациски пораки со цел да се подигне свеста во борбата против Ковид-19. Шоуто започна со пораки кои ги потсетија жителите на Сеул на клучните мерки за превенција, меѓу кои се носењето на заштитни маски, миење на раце и одржување на дистанца од два метри.