Ова е режим: Десетина полицајци брутално претепаа демонстрант кој немоќно лежеше на асфалтот

Снимки од полициска бруталност во Србија и вчера се појавија на социјалните мрежи - полицијата на белградските улици тргна во јуриш, а во нивната „офанзива“ на асфалтот соборија еден демонстрант. Демонстрантот кој лежеше на асфалтот најпрвин беше брутално претепан од тројца полицајци, а потоа буквално кој ќе стигнеше го тепаше со пендреци и клоци.