Како легендарниот Крудели го испрати чудесниот пресврт на Милан

Тимот на Милан на чудесен начин со голем пресврт успеа да слави над Јувентус со 4-2 со вчерашното дерби во Серија А. Домаќините губеа со 2-0, но се вратија во голем стил со три погодоци за петминути преку Ибрахимовиќ, Кеси и Леао за да во 80 минута Ребиќ ја потврди победата и трите бода за „росонерите“. Овој триумф го испрати и легендарниот коментатор, навивач на „црвено-црните“, Тициано Крудели. Неговите реакции говорат се особено онаа по голот на Леао и секако погодокот на Ребиќ за заокружување на приказната.