Видео: Протестите во Србија продолжуваат- се бара преодна Влада

Опозициската партија Сојуз за Србија го започна денешниот протест во Белград, со барање за преодна влада и нов Кризен штаб. Протести се одржуваат и во Нови Сад. Бројни полициски сили со опрема за разбивање демонстрации се наоѓаат околу зградата на српското собрание.