Видео: Баварската машина во Бундеслигата - сите 100 погодоци на Баерн „спакувани“ во 200 секунди

Баерн Минхен уште еднаш ја потврди улогата на фаворит и успеа да дојде до пехарот во Бундеслигата за натпреварувачката 2019/2020. Баварците беа доминантни особено откако ги презема Ханси Флик, па така сезоната ја заврши со 26 победи, вкупно 82 погодоци или со точно 100 постигнати голови. Клупскиот рекорд за постигнати голови во една кампања не беше соборен (102 во сезоната 1971/72), но без разлика на тоа Баерн или поточно играчите покажаа дека се една многу силна гол машина, па во продолжение за наредните 200 секунди погледнете ги сите погодоци.