Милан со бизарен автогол се спаси во Ферара

Милан иако важеше за голем фаворит не успеа да оствари победа во битката со СПАЛ во Ферара или поточно се избори за бод во последен момент (2-2).„Црвен-црните“ беа во негатива се до 94 кога домаќините си постигнаа бизарен автогол преку Викари за конечни 2-2. Домаќините првиот дел го решија со 2-0 со головите на Валоти и Флокари, ама и останаа со играч помалку затоа што директен црвен доби Д Алесандро во 43 минута.