Голема експлозија во приватна болница во Техеран: Најмалку 18 лица загинаа

Најмалку 18 лица загинаа во експлозијата која се случи вчера доцна навечер во приватната болница „Зина Атар“ на северот на иранскиот главен град Техеран. Како што пренесуваат иранските медиуми, на противпожарните единици им биле потребни два часа за да го стават под контрола пожарот кој избил по експлозијата, а засега не е позната причината за експлозијата.