Стив Брус го прекина интервјуто на Де Брајн и најави големо засилување за Њукасл за следната сезона

„Граѓаните“ до победа ги водеше Кевин Де Брајн кој беше меѓу најдобрите на теренот, а по крајот на натпреварот даваше и интервју за медиумите. Токму тогаш се појави тренерот на Њукасл, Стив Брус кој на шеговит начин и се обрати на јавноста и најави дека Белгиецот ќе се пресели во Њукасл по крајот на сезоната.