Cupra започна да прима нарачки: Првиот Formentor пристигнува на есен

Високоперформантниот џип е првиот оригинален модел на Cupra откако стана посебен бренд. Шпанскиот производител најави дека од јули ќе започне да ги прима резервациите за Formentor, а сериското производство започнува во текот на ова лето.