Напаѓачот во акција: Како Халанд ги освои срцата на навивачите на Дортмунд

Ерлинг Халанд во јануарскиот преоден рок од РБ Салцбург премина во Борусија Дортмунд, потег кој се покажа како полн погодок како за играчот така и за бундеслигашот ако се суди по полусезоната одиграна во дресот на „милионерите“. Имено Норвежанецот даде 13 голови на 14 средби во германскиот шампионат, бројка која може да ја зголеми ако биде успешен и во завршното коло во кое Дортмунд е домаќин на составот на Хофенхајм. Погледнете ја 13-ката на Ерлинг во досегашниот дел на шампионатот.