Настапот на Кали со „Kiss“ вброен меѓу најдобрите од „The Voice“ глобално

Нашата Калина Велковска е една од натпреварувачите на бугарската верзија на светското талент шоу „The Voice“. Во последната епизода, таа се претстави со „Kiss“, изведба која ѝ го обезбеди местото во следниот круг. Но, воедно, ѝ обезбеди место и меѓу најдобрите од шоуто глобално во конкретната недела. Таа се најде во друштво на натпреварувач од шоуто во Австралија, како и две дами од натпреварот во Монголија и Африка. Погледнете го настапот!