Репортер уапсен за време на јавување во живо од Минеаполис...

Трета ноќ по ред на улиците на повеќе американски градови се одржуваат масовни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој остана без здив додека полицаец со колено му го имаше приклештено вратот за асфалтот. Демонстрантите во повеќе наврати се судрија со полицијата, а во обидите да се воспостави ред беше уапсена и новинарска екипа на „СиЕнЕн“.