Видео: Италијанка на лотарија освоила слика на Пикасо вредна 1 милион евра

Италијанката Клаудија Боргоњо на хуманитарна лотарија добила слика на Пабло Пикасо, вредна 1 милион евра. Нејзиното добитно ливче било извлечено на електронска ждрепка организирана од аукциската куќа „Кристи“ во Париз. Во наградната игра за сликата на Пикасо „Мртва природа“ од 1921-ва година, биле купени 51.140 лозови, по цена од 100 евра, во повеќе од 100 земји.