Точка ТВ: Факти за Титаник кои веројатно не сте ги знаеле

На 10-ти април 1912-та година, најголемиот британски патнички брод во тоа време наречен „Титаник“, испловил од пристаништето во Саутемптон со над 2 илјади патници и членови на екипажот и тргнал на своето прво патување кон Њујорк. Два дена после испловувањето се случи една од најпознатите поморски катастрофи на сите времиња. Нешто после полноќ, бродот удрил во санта мраз која го пробила трупот, а после 2 часа и 40 минути бродот потона, при што загинаа над 1,500 луѓе, а 73 години подоцна беше пронајден трупот на дното на Атлантскиот океан.