Циклон го опустоши брегот на Индија и Бангладеш: Најмалку 22 загинати...

Циклонот предизвика и големи бранови кои ги поплавија крајбрежните населени места, откорна покриви од куќи и илјадници жители останаа без електрична енергија и вода за пиење, пренесува новинската агенција „АП“. Проценето е дека циклонот „Амфан“ има сила на ураган од трета категорија, со што ударите на ветер достигнувале и 190 километри на час кога циклонот пристигнал на бреговите на двете азиски држави.