Светска премиера: Ова е новиот Porsche 911 Targa

Германскиот производител и официјално ги објави фотографиите и техничките детали од новиот 911 Targa. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу две опции – 911 Targa и 911 Targa 4S, а и двата автомобили ќе го користат 6-цилиндарскиот 3.0 твин-турбо бензинец. Верзијата 911 Targa ќе развива 385 коњски сили и максимален обртен момент од 450 Nm, додека помоќниот 4S модел е испорачува 450 коњски сили и максимален обртен момент од 530 Nm.