Хаверц покажа зошто е најбарана „роба“ во Европа со блесокот против Вердер

Каи Хаверц се поврзува со голем број фудбалски великани и во изминатиов период на корона пауза беше „преселуван“ во неколку големи клубови, а зошто е тоа така покажа на првиот меч кој го одигра Баер Леверкузен по рестартот на Бундеслигата. Младиот Хаверц со два гола го најави триумфот на Леверкузен на гостувањето кај Вердер Бремен, а во шоуто му се приклучија уште Вајзер и Демирбај.