Нуркачи забележале јата сончарки во водите на Охридското Езеро

Рибите сончарки од неодамна живеат и во водите на Охридското Езеро, информираат од нуркачкиот центар „Амфора“. Од таму појаснуваат дека по подолга обсервација на овој интересен вид риба кој природно не припаѓа во ендемичниот екосистем на Охридското Езеро, забележале многу интересни моменти, особено во нејзиното однесување за време на мрестење.