Шумски пожари во Чернобил: Нивото на радијација веднаш се зголеми

Радиоактивната шума во околината на нуклеарната електрана во украински Чернобил ја зафати пожар, поради што се зголемило нивото на радиоактивност. „Пожарникарите продолжуваат да го гасат огнот кој тргна од зоната на Чернобил. Ситуацијата е многу тешка“, изјави Јегор Фирсоф, шеф на украинската еколошка инспекција.