Погледнете во какви капсули се транспортираат заразените со Ковид-19 во Романија

Романската војска од неодамна се вклучи во борбата против ширењето на коронавирусот со несекојдневно средство за транспорт на заразените, кое гарантира дека нема опасност од ширење на Ковид-19. Станува збор за капсулите “BIOEVAC” кои претставуваат изолациска комора на носилка за едно лице со систем за вентилација со негативен притисок, со што се спречува ширење на заразата во околината.