Баерн покажа како може добро да функционира „корона-тренинг“

По примерот на Шалке 04, Баерн Минхен е вториот германски клуб кој излезе на терен и кој одработи прилично понорамален тренинг во својот комплекс, со тоа што согласно препораките, беа применувани неколку задолжителни мерки за заштита на фудбалерите.