Тигар од зоолошка во Њујорк позитивен на Ковид-19

Еден тигар во зоолошка градина во Њујорк е позитивен на коронавирусот, а тоа е првиот потврден случај на заразено животно во САД и тигар во целиот свет. Американските медиуми пренесуваат дека станува збор за тигар на 4-годишна возраст кој подоцна заразил уште шест вакви животни со кои што бил во контакт во зоолошката градина. Како што пренесува „АП“, се претпоставува дека животното било во контакт со заразен работник во зоолошката во Бронкс кај кого било регистрирано присуство на Ковид-19.