Пандемијата не им ги расипа плановите: Audi E-Tron Sportback пристигна во продажните салони

Вториот електричен џип на Audi пристигна на европскиот пазар во предвидениот рок, а во Германија ќе се продава по цена од 71,350 евра. E-Tron Sportback ќе биде достапен во две варијанти – основниот модел со ознака 50 Quattro има два електромотори со вкупна комбинирана сила од 308 коњски сили, додека максималниот обртен момент изнесува 540 Nm. Помоќниот E-Tron Sportback 55 Quattro исто така има 2 електромотори и погон на сите четири тркала, а располага со сила од 355 коњски сили и 560 Nm. Меѓутоа, со Boost функцијата, возачот во текот на осум секунди може да добие 402 коњски сили и 664 Nm максимален обртен момент.