Го преживеа шпанскиот грип, а сега и коронавирусот: Ветеранот од Втората светска војна го прослави својот 104-ти роденден

Ветеранот од Втората светска војна го прослави својот 104-ти роденден откако се опорави од коронавирусот. Бил Лапшчиз е роден во Орегон во 1916-та година и ја преживеал пандемијата на Шпанскиот грип (се проценува дека починале од 50 до 100 милиони луѓе ширум светот), како и Големата депресија, а се борел и во Втората светска војна. Според американските медиуми, тој веројатно е најстариот човек на светот кој се опоравил од Ковид-19.