Погледнете со каква опрема докторите во Вухан се штитат од коронавирусот

Бројот на новозаболените во Кина драстично се намалува откако во февруари беше врвот на епидемијата, а животот сега се враќа во нормала. Во борбата против коронавирусот во првите редови беа медицинските работници кои на почетокот често се инфицираа додека им помагаа на заболените. Сепак, подоцна во болниците беа воведени строги заштитни мерки и здравствените работници добија прилично ефикасна заштитна опрема.