Видео од Италија кое го разнежни светот: Медицински лица му приредиле роденденско изненадување на пациент заболен од коронавирус

Вирусот во Италија уби повеќе од 12.000 лица, но сепак трошка надеж за оваа земја влеваат снимките од великодушноста на граѓаните и огромното срце на докторите. Таков пример е и ова видео кое е снимено во италијанска болница, а на кое се гледа како медицински лица изненадуваат пациент заболен од коронавирус со роденденска торта.