Видео: Ги купиле сите меса од супермаркет, па сега добиваат закани по живот

Видеото било објавено како дел од вестите дека луѓето купуваат за да се справат со корона-кризата. Но, тие двајцата, според многумина, практично „се тркале” со другите купувачи, „земајќи им ги од пред нос последните примероци“, се фалеле со тоа, па го навлекле гневот на себе. Работата отишла дотаму, што сопствениците на трговскиот објект ги обвиниле за создавање паника при и онака тешката состојба со коронавирусот.