Пума шета низ испустениот Сантијаго за време на полициски час

Дива пума, во потрага по храна, се спушти од планините околу Сантијаго и се прошета низ празните улици на чилеанскиот главен град, во време кога во него е во сила полициски час поради корона-пандемијата. Животното е фатено вчера, по интервенција на полицијата, Службите за земјоделство и сточарство и тим од градската Зоолошка градина.