Дали се сеќавате на дуелот помеѓу Горан Пандев и Златан Ибрахимовиќ во Ѓорче Петров?

Ретко кој се сеќава на 1-ви септември 2001 година, кога младата репрезентација на Шведска до 21 година гостуваше во Македонија во рамки на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот заврши без победник (1:1), а головите ги постигнаа најголемите имиња на мечот – Златан Ибрахимовиќ и Горан Пандев. Погледнете ги головите и слушнете што тие двајца кажаа по средбата.