Наумов објaсни дека износот на кредитот за кој ќе може да аплицираат претпријатијата зависи од бројот на вработени. Претпријатија до 10 вработени, ќе може да аплицираат за износ до 5.000 евра, претпријатија од 11 до 50 вработени, ќе може да аплицираат за износ до 15.000 еврa, а оние од 51 до 250 вработени за износ до 30.000 евра. Најниската сума за којашто може да се аплицира е 3.000 евра.