Бејл на поинаков начин го одработи предизвикот со тоалетната хартија

Додека трае оваа ситуација со коронавирусот и играчите се во карантин, тие ги искористија социјалните мрежи да направат еден интересен предизвик со тоалетна хартија во која целта беше да се има десет допири, жонглира и со тоа да се одработи мисијата со пораката да се остани дома во овој период. Имаше и такви на кои оваа „кампања“ не им се допадна, ја критикуваа како на пример Фалкао, други пак како Тони Крос се решија да напрат друг предизвик, а пак Герет Бејл играше со тоалетна хартија, ама голф верзија. Еве како играше најдобриот велшки фудбалер.