Ибра со фантастичен гест ја воодушеви Италија и му се обрати на коронавирусот: Ако ти не дојдеш кај мене…

Ѕвездата на Милан формираше фондација за собирање на парични средства кои ќе бидат инвестирани за помош на сите кои се соочуваат со коронавирусот, а притоа ги прозва и своите колеги да донираат и да покажат дарежливост со издвојување на парични средства. Ибра нагласи дека не отфрла помош од секој оној кој може да одвои мал дел од своите средства во обидот да се добие битката која сите заедно ја водиме, за на крај својот емотивен говор да го заврши во свој впечатлив стил. – Запаметете, ако вирусот не дојде кај Златан, Златан ќе оди кај вирусот!