Совршенството на еволуцијата: Porsche 911 Turbo

Новиот "Porsche 911 Turbo" со своите технологии влегува во самиот врв на современите спортски автомобили. Произведувачот од Штутгарт снимил ефектно видео за на вљубениците во 911 Turbo да им покаже што се е ново на овој модел во однос на претходникот, посебно нагласувајќи ги активните аеродинамички системи кои на овој автомобил му обезбедуваат врвни перформанси во спортското возење.