Погледнете како забрзува новиот Chevrolet Corvette

Познато е дека Chevrolet Corvette Stingray C8 под хаубата има 6,2-литарски V8 мотор кој произведува 495 коњски сили и има максимален обртен момент од 637 Nm. Не треба да сме експерти да заклучиме дека станува збор за вистински ѕвер. Новиот американски адут од 0 до 100 километри на час забрзува за импресивни 2,8 секунди, а за 11,1 секунди развива дури 200 километри на час. Како изгледа сето тоа, погледнете на видеото подолу.