Стеф е подготвен да се врати на терените: Погодува тројки во серија од половина терен, забива

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Стеф Кари се враќа на терените и тоа на средбата со Вашингтон Визардс која се игра во Сан Франциско. Кари од месец октомври не му е достапен на вицешампионот, откако заработи скршеница на раката на дуелот со Феникс Санс. Меѓутоа сега со плејмејкерот се е во ред, подготвен е за настап, а за тоа говорат и следниве видеа каде Стеф се загрева и без проблеми погодува тројки во низа од скоро половина терен, тројки и од други позиции, но и забива.