Две бебиња гепарди се родиле во зоолошката градина во Колумбус во Охајо, и веднаш се запишани во историјата. Имено, овие две принови на американската зоолошка градина се гепарди кои се зачнати со вонтелесно оплодување и родени по пренос на ембриони во сурогат мајка.