Луд камионџија: Не предизвика сообраќајна несреќа, но поради неверојатната глупавост доби шест месеци затвор!

Еден возач на камион погрешно завртил на автопат во Стафордшајр во Англија, па тоа одлучил да го исправи со неверојатен маневар со кој ги загрози останатите учесници во сообраќајот. Иако не предизвикал сообраќајна несреќа, сепак поради загрозувањето на останатите учесници во сообраќајот и низа на прекршоци, возачот на камионот доби шест месечна затворска казна и 15 месеци забрана за управување со моторно возило.