Жестока пресметка со терористите: Погледнете како сириската војска ги уништува нивните тенкови и транспортери

Сириската новинска агенција „САНА“ објави видео снимка на која може да се види како сириската армија го одбива жестокиот напад на про-турските терористи во подрачјето на селото Нејраб во провинцијата Идлиб. Снимките се направени од дрон и може да се види уништувањето на воената техника на терористите, вклучувајќи тенкови, оклопни транспортери и возила со инсталирани тешки митралези.