Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на „27-ми април“ предлагаат по 300 сведоци

Русковска вели дека одбраната со последните дополнителни поднесоци има побарано да им се прифатат по околу 300 сведоци од обвинет, додавајќи оти смета дека судот не треба да ги прифати, без при тоа да се наруши правото на одбрана.