Ден по оскаровскиот говор, Хоакин Феникс спасил крава и новородено теле од кланица

45-годишниот актер и борец за правата на животните, Хоакин Феникс, ја посетил кланицата “Manning Beef” во Калифорнија и разговарал со директорот Ентони Ди Мариа за начинот на кој се третираат животните и целата индустрија. По разговорот, Феникс си заминал со крава и нејзиното мало новородено теле кои ги спасил од страшната судбина.