Срушен светскиот рекорд: Поранешен маринец издржал повеќе од 8 часа во пленк позиција

Поранешниот припадник на американската војска, 62-годишниот Џорџ Худ, издржал 8 часа, 15 минути и 15 секунди во пленк позиција со што освоил место во Гинисовата книга на рекорди. Тој за 14 минути го надминал поранешниот рекордер, кинескиот полицаец Мао Веидонг.