Дали би можеле да изедете 20.000 калории за еден ден?

Еди Хол е освојувач на титулата “Најсилен човек на светот” во 2017 година кој дневно консумира околу 10.000 калории. Но, овојпат Еди сакал да ги тестира своите граници и да ја испроба посебната диета наречена “Стронгмен”, во која во еден ден се внесуваат 20.000 калории. Тој вели дека едвај успеал во тоа и дека било вистинско мачење, а како изгледало сето тоа - погледнете во видеото.